Американски сенатор ја повика владата да истражи какво влијание врз националната безбедност има увозот на лукот од Кина. Републиканецот Рик Скот му напиша писмо на министерството за трговија, во кое тврди дека кинескиот лук е небезбеден поради нехигиенските методи на производство.
Кина е најголемиот извозник на свеж и замрзнат лук на светот, а САД се големи потрошувачи, но трговијата со години се смета за контроверзна. САД ја обвинуваа Кина дека пушта лук на пазарот по цена пониска од трошоците на производството.
„Постои сериозна загриженост за јавното здравје околу квалитетот и безбедноста на лукот што се одгледува во странски земји, особено во комунистичката Кина“, вели Скот, посочувајќи дека тој се одгледува дури и во канализација.
Скот, исто така, навлегува во детали за различните видови лук што треба да се разгледаат.
„Сите видови лук: цели или одделени на чешниња, излупени или не, свежи, замрзнати, привремено зачувани или пакувани во вода или друга неутрална супстанца“, додава Скот.