Најмалку шестмина полицајци и еден свештеник се убиени во координиран напад врз синагога, православна црква и полициска станица во руската република Дагестан.
Официјални лица кажаа дека е нападната синагога во градот Дербент, кој е дом на древна еврејска заедница во доминантно муслиманскиот регион. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат група вооружени напаѓачи во престрелка со полицијата. Синагогата, која е под заштита на УНЕСКО, е запалена.
Во Дербент се нападнати и две православни цркви, при што бил убиен 66-годишен свештеник.
Во исто време била нападната полициска станица во 125 километри оддалечениот главен град на Дагестан, Махачкала.
Руското министерство за внатрешни работи кажаа дека во инцидентите се убиени и најмалку двајца напаѓачи.
„Вечерва во Дербент и Махачкала непознати луѓе се обидоа да ја дестабилизираат ситуацијата. На пат им застанаа дагестанските полицајци. Според првичните информации, има жртви меѓу нив“, изјави шефот на Дагестан, Сергеј Меликов.