„КОСАТА МИ ИСЧЕЗНА“ – ТРАМП ЈА КРИТИКУВАШЕ НОВАТА НАСЛОВНА СТРАНИЦА НА „ТАЈМ“ КАКО НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА

    „КОСАТА МИ ИСЧЕЗНА“ – ТРАМП ЈА КРИТИКУВАШЕ НОВАТА НАСЛОВНА СТРАНИЦА НА „ТАЈМ“ КАКО НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТАТрамп е фотографиран оддолу, додека сонцето му е над главата (Фото: Икс)

    Доналд Трамп ја критикуваше насловната страница на новото издание на магазинот „Тајм“, посветено на неговиот дипломатски успех во Газа, опишувајќи ја како „најлоша во историјата“. Тој го пофали напишаното, но се пожали на фотографијата со која е прикажан на насловната страница.

    Трамп е фотографиран оддолу, додека сонцето му е над главата.

    Резултатот е суперлош. ‘Тајм‘ напиша релативно добра приказна за мене, но фотографијата е можеби најлоша во историјата. Ми ја исчезнаа косата и нешто како да лебди над мојата глава, можеби круна, ама мала. Навистина чудно! Никогаш не сум ги сакал сликите од тој агол, но оваа е суперлоша и заслужува да биде повлечена. Зошто го прават тоа?“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Фотографијата придружена од насловот „Неговиот триумф“ е снимена во Белата куќа на 5 октомври. Трамп лани се појави четирипати на насловната страница на „Тајм“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира