КРЕМЉ ГО НЕГИРАШЕ ТРАМП ДЕКА МИРОВНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА ЌЕ ПОЧНАТ ВЕДНАШ

    КРЕМЉ ГО НЕГИРАШЕ ТРАМП ДЕКА МИРОВНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА ЌЕ ПОЧНАТ ВЕДНАШЗеленски вели дека досегашните разговори со Трамп не се доволни за да се создаде мировен план (Фото: АП)

    Русија нема да испрати делегација на Минхенската безбедносна конференција, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

    Таа реагираше откако Доналд Трамп објави дека американски, руски и украински функционери денеска во Минхен ќе започнат мировни разговори за Украина. Организаторите на конференцијата кажаа дека не е планирано доаѓање на руска делегација.

    „Русија ќе биде во Минхен со свои луѓе. Украина исто така е поканета, не знам кој точно ќе дојде од секоја земја, но ќе има високорангирани луѓе од Русија, Украина и САД“, кажа Трамп.

    И портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека мировните преговори не можат да почнат веднаш.

    „Ќе бидат потребни неколку дена за да се воспостави контакт помеѓу американски и руски функционери. Засега немам информација како ќе се организираат преговорите помеѓу САД и Русија“, изјави Песков.

    Во Минхен пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Се очекува Венс и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет да претстават планови за крај на војната во Украина.

    „Досегашните разговори со Трамп дефинитивно не се доволни за да се создаде мировен план. Сепак, сигналите што доаѓаат од САД се силни“, кажа Зеленски и додаде дека Украина не се согласува со отстапките за Русија изнесени од Трамп и Хегсет.

    „Никогаш нема да ги признаеме окупираните територии како руски. Сакаме да бидеме во НАТО и веруваме во безбедносните гаранции на НАТО. Тоа е најевтината опција за сите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира