ЛАБУРИСТИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ АЛБАНИЗ ПОБЕДИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА СРЕДЕ ЗАГРИЖЕНОСТА ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ТРАМП

    ЛАБУРИСТИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ АЛБАНИЗ ПОБЕДИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА СРЕДЕ ЗАГРИЖЕНОСТА ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ТРАМПЕнтони Албаниз е првиот австралиски премиер кој освоил два мандата по ред во последните 20 години (Фото: АП)

    Актуелниот премиер Ентони Албаниз го освои вториот мандат на денешните федерални избори во Австралија откако неговата Лабуристичка партија ја искористи загриженоста на гласачите за политиките на Доналд Трамп. Тој е првиот австралиски премиер кој освоил два мандата по ред во последните 20 години.

    Питер Дутон, лидерот на Либералната партија, го призна поразот, што многу потсетува на неочекуваната судбина на конзервативците на неодамнешните избори во Канада. Дутон дури го изгуби и сопственото место во парламентот.

    Иако броењето на гласовите продолжува, националната телевизија „Еј-Би-Си њуз“ ја прогласи победата на Лабуристите и кажа дека Либерално-националната коалиција веќе нема шанси да ги стигне. Австралиската изборна комисија ги објави раните резултати, кои велат дека Лабуристите освоиле речиси 56% гласови.

    Австралискиот народ гласаше за австралиските вредности. Во ова време на глобална неизвесност, Австралијците избраа оптимизам и одлучност. Ние не бараме инспирација во странство, туку во нашите вредности и нашиот народ“, изјави Албаниз.

    Последната фаза од предизборната кампања ја обележаа царините на Трамп и растечките животни трошоци, а анкетите се свртеа во полза на Албаниз по неколку гафови на Дутон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира