ЛАНСИРАН НАЈГОЛЕМИОТ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛЕСКОП, ТРЕБА ДА ГИ ОТКРИЕ ПРВИТЕ ЅВЕЗДИ ВО УНИВЕРЗУМОТ

    ЛАНСИРАН НАЈГОЛЕМИОТ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛЕСКОП, ТРЕБА ДА ГИ ОТКРИЕ ПРВИТЕ ЅВЕЗДИ ВО УНИВЕРЗУМОТНа новиот телескоп, кој е 100 пати помоќен од Хабл, работеа инженери од американската, канадската и европската вселенска агенција. (Фото: НАСА)

    Телескопот Џејмс Веб, вреден 10 милијарди долари, ја напушти земјата во мисија да ги открие првите ѕвезди во универзумот. Телескопот беше лансиран во земјината орбита со ракета Аријана во Француска Гвајана.

    Летот до орбитата траеше само половина и беше примен сигнал дека лансирањето е успешно. Џејмс Веб, именуван по еден од архитектите на слетувањето на Месечината, е наследник на телескопот Хабл.

    На новиот телескоп, кој е 100 пати помоќен од Хабл, работеа инженери од американската, канадската и европската вселенска агенција. Лансирањето во орбитата е само почеток на серијата комплексни активности што ќе траат шест месеци, пред да почне телескопот да работи со полн капацитет.

    Во јадрото на новиот телескоп е 6,5-метарско златно огледало, кое е речиси три пати поголемо од тоа на Хабл. Поголемата оптика, комбинирана со четири суперчувствителни инструменти, треба да им овозможат на астрономите да гледаат подлабоко во вселената, и практично поназад во времето, од кога било досега. Клучна цел на истражувањата ќе биде почетокот на вселената, кога светнале првите ѕвезди, период од пред 13,5 милијарди години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира