ЛАВАТА ОД ВУЛКАНОТ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ УНИШТИ ДОМОВИ, ЕВАКУИРАНИ 5.000 ЛУЃЕ

    ЛАВАТА ОД ВУЛКАНОТ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ УНИШТИ ДОМОВИ, ЕВАКУИРАНИ 5.000 ЛУЃЕЗасега нема пријавено дека има повредени (Фото: АП)

    Вулканската ерупција на Канарските Острови уништи домови и ги натера властите да евакуираат 5.000 локални жители. Вулканот во националниот парк Кумбре Веха на островот Ла Палма еруптураше вчера за првпат од 1971 година, што следеше по цела недела интензивна сеизмичка активност.

    Градоначалникот Серхио Родригес кажа дека најмалку 20 куќи во едно околно село се закопани под лавата. Шпанскиот премиер Педро Санчес ја откажа посетата на Њујорк и пристигна на Ла Палма за да ги надгледува спасувачките операции, а на помош дојдоа и војската и цивилната гарда.

    „Лавата не остави апсолутно ништо на својот пат“, кажа Родригес.

    Засега нема пријавено дека има повредени, а наредена е задолжителна евакуација на две села, со можност да биде проширена на уште заедници на островот, кој е дом на 80.000 луѓе.

    Ерупцијата почна вчера во 15 часот, исфрлувајќи фонтани од лава и столб од чад и пепел. Ѝ претходеше земјотрес со магнитуда од 4,2 степена.

    Последната ерупција на овој вулкан траела над три недели, при што едно лица загинало.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира