ЛЕВИЧАРОТ СО ХРВАТСКИ КОРЕНИ ГАБРИЕЛ БОРИЌ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧИЛЕ НА 35 ГОДИНИ

    ЛЕВИЧАРОТ СО ХРВАТСКИ КОРЕНИ ГАБРИЕЛ БОРИЌ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧИЛЕ НА 35 ГОДИНИБориќ е син на Хрват кој емигрирал во Чиле пред четири децении (Фото: АП)

    Кандидатот на левицата Габриел Бориќ победи на претседателските избори во Чиле и со 35 години ќе биде еден од најмладите лидери на светот. Неговиот ривал од редовите на крајната десница Хосе Антонио Каст го призна поразот час и половина по затворањето на избирачките места и по само половина од преброените гласови.

    По пребројувањето на најголем дел од гласовите, Бориќ, кој има хрватски корени, има освоено 56% гласови, а Каст 44%.

    Ова беа едни од најподелените избори во Чиле во изминатите децении, а се одржаа по масовните антивладини протести. Бориќ и Каст понудија драстично различна визија за иднината на земјата и беа кандидати на партиите кои никогаш не биле во владата.

    Бориќ ги поддржуваше масовните демонстрации против нееднаквоста и корупцијата кои го тресеа Чиле во 2019 и 2020 година. Своевремено најстабилна економија во Јужна Америка, Чиле ја има една од најголемите разлики во приходи во светот, при што еден процент од населението должи 25% од богатството на земјата.

    Бориќ е роден во 1986 и е син на Хрват кој емигрирал во Чиле пред четири децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира