ЛИДЕРИТЕ НА ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА ДОГОВОРИЈА СРЕДБА ВО ОБИД ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ВОЈНА ЗА РЕГИОН БОГАТ СО НАФТА

    ЛИДЕРИТЕ НА ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА ДОГОВОРИЈА СРЕДБА ВО ОБИД ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ВОЈНА ЗА РЕГИОН БОГАТ СО НАФТАВо изминатите недели Венецуела презеде чекори за присвојување на Есекибо, кој е под контрола на Гвајана (Фото: АП)

    Лидерите на Венецуела и Гвајана, Николас Мадуро и Ирфан Али, ќе се сретнат следната недела среде територијален спор помеѓу двете држави кој се заканува да прерасне во воен конфликт, изјави првиот човек на Заедницата на јужноамериканските и карипските држави Ралф Гонсалвес.

    Тензиите помеѓу двете земји се зголемија во изминатите недели откако Венецуела презеде чекори за присвојување на Есекибо, регион богат со нафта кој е под контрола на Гвајана. Од владата на Венецуела кажаа дека „средбата има за цел да се зачуваат нашите аспирации Јужна Америка и Кариби да останат зона на мир“.

    Од кабинетот на Ирфан Али го потврдија одржувањето на средбата, додавајќи дека копнената граница на Гвајана не може да биде предмет на дискусија“.

    На референдумот во Венецуела минатиот викенд, на кој излезноста беше само 10%, гласачите ја отфрлија надлежноста на Меѓународниот суд на правдата врз Есекибо и го поддржаа формирањето на нова државна покраина.

    Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, ќе присуствува на средбата како набљудувач, додека САД соопштија дека му даваат полна поддршка на суверенитетот на Гвајана.

    Венецуела долго време ја оспорува одлуката од 1899 година со која Есекибо ѝ бил даден на Велика Британија. Гвајана, некогаш Британска Гвајана, го држи Есекибо повеќе од еден век, а спорот дополнително се заостри откако во 2015 беше пронајдена нафта покрај неговиот брег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира