ЛИТВАНИЈА ИМ ПРЕПОРАЧА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГИ ФРЛАТ КИНЕСКИТЕ СМАРТФОНИ

    ЛИТВАНИЈА ИМ ПРЕПОРАЧА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГИ ФРЛАТ КИНЕСКИТЕ СМАРТФОНИЛитванците утврдиле големи пропусти кај два модела на кинески смартфони (Фото: Гети)

    Литванското министерство за одбрана им порача на граѓаните да ги фрлат своите кинески мобилни телефони и да си купат нови.

    Националниот центар за сајбербезбедност ги тестирал кинеските смартфони кои поддржуваат 5Г и утврдил дека еден модел на „Шјаоми“ има вградени алатки за цензура, додека друг модел на „Хуавеи“ покажал безбедносни пропусти.

    „Наша препорака е да не купувате нови телефони од кинески производители и да се ослободите од оние што веќе ги поседувате“, изјави заменик министерот за одбрана Маргирис Абукевичиус.

    Литванците утврдиле дека моделот „Ми 10Т 5Г“ на „Шјаоми“ содржи софтвер кој може да препознае и цензурира речиси 450 изрази, како „Слободен Тибет“, „Да живее независноста на Тајван“ и „демократско движење“. Во Европа, оваа апликација била исклучена кај овој модел, но се стравува дека би можела да биде активирана од далечина.

    „Уредите на ‘Шјаоми‘ не ги цензурираат комуникациите од и кон нашите корисниците. Ние никогаш нема да го ограничиме или блокираме однесувањето на корисниците на нашите смартфони“, изјави портпаролката на кинеската компанија.

    Во извештајот се истакнува недостаток кај „хуавеи П40 5Г“ кој ги изложува корисниците на ризик од нарушување на сајбербезбедноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира