Локалните медиуми во Барселона јавуваат за најмалку 12 загинати во она што полицијата го нарекува терористички напад, откако комбе влета во пешачка зона на една од најпознатите улици во градот.
Полицијата на твитер објави дека има повеќе мртви, но не даде точен број. Има и многу повредени.
Каталонскиот министер за внатрешни работи на прес конферемција соопшти дека е потврдена смртта на едно лице и дека има 32 повредени.