ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ПАРИ ОД БЕРЛИН ЗА ИЗГРАДБА НА БУНКЕРИ

    ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ПАРИ ОД БЕРЛИН ЗА ИЗГРАДБА НА БУНКЕРИОд 2.000 јавни засолништа кои Германија ги имаше на крајот на Студената војна, постојат само уште 600 (Фото: ДПА)

    Локалните совети во Германија ја повикуваат владата да обезбеди повеќе пари за заштита на цивилите во случај на војна, вклучително и повеќе бункери. Здружението на градови и општини доаѓа откако германскиот министер за одбрана Борис Писториус кажа дека земјата мора да обезбеди поголема заштита на своето цивилно население.

    Германија никогаш немала доволно бункери за сите нејзини жители и по завршувањето на Студената војна ги продаде постојните државни засолништа или дозволи некои од нив да се распаднат.

    Германија мора да изгради повеќе бункери. Од 2.000 јавни засолништа кои ги имаше на крајот на Студената војна, постојат само уште 600, во кои можат да се сместат околу 500.000 луѓе. Постои итна потреба да се вратат во функција деактивираните бункери, а треба да се изградат и нови, модерни засолништа. Во урбаните центри можат да се користат и подземни паркиралишта и тунели на подземна железница. Треба да се постават и дополнителни сирени, не треба да се потпираме само на апликациите за мобилни телефони“, изјави претседателот на здружението Андре Бергхегер.

    Според него, не треба да се вложува само во армијата, туку мора да се мисли и на цивилното население. Тој побара во наредните десет години да се вложуваат милијарда евра годишно во заштита на цивилното население, сметајќи дека тоа би бил само почеток.

    Писториус, кој беше во посета на Финска, ги пофали објектите за заштита на цивилите во оваа земја.

    Пристапот на Финска кон сеопфатна одбрана воопшто не е милитаристички или претеран“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира