ЛУКАШЕНКО НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОТКАКО ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ УСТАВ

    ЛУКАШЕНКО НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОТКАКО ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ УСТАВЛукашенко се наоѓа под силен притисок од изборите во август, на кои што беше прогласен за победник (Фото: Ројтерс)

    Претседателот на Белорусија Александер Лукашенко кажа дека ќе ја напушти функцијата откако ќе биде усвоен нов устав, објави новинската агенција „Белта“.

    „Нема да бидам претседател под новиот устав“, кажа Лукашенко, не прецизирајќи кога ќе се случи тоа.

    Во Белорусија веќе неколку месеци се одржуваат масовни антивладини протести, кои почнаа откако Лукашенко беше прогласен за победник на претседателските избори на 9 август. Неговите противници го обвинија за лажирање на изборите.

    Русија го притисна Лукашенко да вети реформи на уставот, кога министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го посети Минск вчера.

    Ние сме заинтересирани за смирување на ситуацијата и мислиме дека почнувањето на реформите на уставот би можело да придонесе за тоа“, кажа Лавров.

    Лукашенко досега ги одбиваше повиците за оставка, но навести дека би можело да има нови избори по промената на уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира