МАДУРО НЕ ГО ИСПОЧИТУВА УЛТИМАТУМОТ, ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ГО ПРИЗНАА ГУАИДО ЗА ЛИДЕР НА ВЕНЕЦУЕЛА

    МАДУРО НЕ ГО ИСПОЧИТУВА УЛТИМАТУМОТ, ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ГО ПРИЗНАА ГУАИДО ЗА ЛИДЕР НА ВЕНЕЦУЕЛАНиколас Мадуро и натаму ја има поддршката од армијата и не ја исклучи можноста од граѓанска војна (Фото: ЕПА)

    Велика Британија, Шпанија и други европски земји и официјално го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Ова уследи откако претседателот Николас Мадуро вчера не го испочитува крајниот рок поставен од Европската Унија да распише нови избори.

    „Гуаидо има легитимитет да организира нови претседателски избори“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

    Гуаидо, кој се наоѓа на чело на Националното собрание, минатиот месец се прогласи за лидер на Венецуела и притоа доби поддршка од САД и од голем број држави од Јужна Америка. Обвинувајќи го дека подготвува државен удар, Мадуро не ја исклучи можноста од избувнување на граѓанска војна во земјата.

    „Доналд Трамп ќе ја измачка Белата куќа со крв ако реши да интервенира во кризата“, кажа Мадуро.

    Вчера истече ултиматумот што на Мадуро му го поставија неколку европски земји, како Франција, Австрија, Германија и Шпанија, додавајќи дека ќе го признаат Гуадио за претседател ако не бидат распишани нови избори. Први кои го направија тоа се Велика Британија, Шпанија, Шведска и Данска.

    „Не прифаќаме ултиматуми од никого. Меѓународната политика не може да се базира на тоа, така беше во ерата на империи и колонии“, изјави Мадуро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира