МАЈКА И ЌЕРКА ОД САД СЕ ПРВИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ХАМАС

    МАЈКА И ЌЕРКА ОД САД СЕ ПРВИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ХАМАСЏудит и Натали Раанан беа меѓу 200-те киднапирани во нападот на Хамас пред недели. (Фото: Израелска влада)

    Хамас ги ослободи првите заложници откако пред две недели изведе изненадувачки напад во Израел, и тоа мајка и ќерка од САД. Џудит и Натали Раанан беа меѓу 200-те киднапирани во нападот на Хамас. Тие се од Чикаго и биле во посета на роднини во Нахал Оз, земјоделска заедница во јужен Израел, кога беа киднапирани на 7 октомври.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху кажа дека продолжуваат напорите да се ослободат уште заложници, но додаде дека неговите трупи ќе продолжат да се борат до победа.

    Поминаа две недели откако палестинската организација Хамас го изведе нападот во кој загинаа над 1.400 луѓе во Израел. Палестинските власти велат дека над 4.000 луѓе се загинати во Газа оттогаш.

    Американската амбасада во Израел соопшти дека добила информација дека денеска ќе биде отворен граничниот премин Рафах од Газа во Египет, што би овозможило во Газа да влегува хуманитарна помош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира