МАКРОН ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ГИ НАПУШТААТ СОЈУЗНИЦИТЕ И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

    МАКРОН ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ГИ НАПУШТААТ СОЈУЗНИЦИТЕ И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВОМакрон вели дека големите сили се во искушение да го поделат светот (Фото: ДПА)

    Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини САД дека им го свртуваат грбот на своите партнери, наведувајќи ги нивните трговски и безбедносни политики.

    „Соединетите Американски Држави се етаблирана сила, но постепено се оддалечуваат од некои свои сојузници и ги кршат меѓународните правила што ги промовираа до неодамна. Мултилатералните институции функционираат сè помалку ефикасно“, рече Макрон.

    Тој вели дека големите сили се во искушение да го поделат светот.

    Франција ги отфрла новиот колонијализам и новиот империјализам, но исто така и вазалството и дефетизмот. Она што го постигнавме во Франција и Европа е чекор во вистинската насока: поголема стратешка автономија и помала зависност од САД и Кина“, кажа Макрон.

    Растргнати помеѓу потребите за одбрана на меѓународното право и задржувањето на САД како витален економски партнер и сојузник во Украина и пошироко, лидерите на ЕУ се мачат да се договорат за координиран одговор на постапките на Вашингтон.

    Постои ризик нашата Европа да биде ослабена. Таа би можела да стане последното место каде што ќе продолжиме да се сеќаваме на правилата на играта што другите повеќе не ги почитуваат“, смета Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира