МАКРОН ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ФРАНЦУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, СПОРЕД ПРОЕКЦИИТЕ

    МАКРОН ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ФРАНЦУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, СПОРЕД ПРОЕКЦИИТЕЗа да го задржи мнозинството на Макрон му се потребни 289 места, но најмногу што може да освои се 250, според проекциите. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Помалку од два месеца откако беше реизбран за претседател, Емануел Макрон е на пат да го изгуби мнозинството во француското собрание по добриот настап на ривалските партии на денешните парламентарни избори.

    Според проекциите, неговата коалиција ќе победи на изборите, но нема да освои доволно места за контрола на парламентот и ќе се мачи да ги спроведе своите реформи. На второто место ќе заврши левичарско-зелената коалиција, но и десничарската партија на Марин Ле Пен помина добро.

    Макрон имаше над 300 места во досегашниот парламент и на претседателските избори во април убедливо ја победи Ле Пен. За да го задржи мнозинството на Макрон му се потребни 289 места, но најмногу што може да освои се 250, според проекциите.

    Коалицијата на левичарот Жан-Лук Меленшон се очекува да освои помеѓу 150 и 180 места, додека партијата Национален фронт на Ле Пен е на пат да освои помеѓу 80 и 100 места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира