МАКРОН ГО ОТВОРИ ОЛИМПИСКОТО СЕЛО ВО ПАРИЗ И ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ПЛИВА ВО РЕКАТА СЕНА

    МАКРОН ГО ОТВОРИ ОЛИМПИСКОТО СЕЛО ВО ПАРИЗ И ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ПЛИВА ВО РЕКАТА СЕНАМакрон не кажа кога ќе го направи тоа (Фото: АФП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе плива во реката Сена еден ден, официјално отворајќи го Олимпиското село каде што ќе престојуваат учесниците на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Париз. Клучевите на селото, што се простира на 52 хектари и се наоѓа северно од Париз покрај Сена, им беа предадени на организаторите на Олимпијадата, на која ќе настапат околу 14.500 спортисти, а потоа и 9.000 параолимпијци.

    Можете да се обложите дека ќе го направам тоа“, одговори Макрон на новинарско прашање дали би пливал во Сена.

    Градските власти на Париз ветија дека ќе ја направат Сена доволно чиста за да може да се плива во неа до 2025 година.

    Ќе го направам тоа, но не можам да ви дадам точен датум“, додаде Макрон.

    Париз работеше на чистењето на Сена за да можат луѓето повторно да се капат во неа, како што беше случај за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година. Сепак, поради проблеми со канализацијата беше одложен најавениот предолимписки пливачки настан во реката.

    Макрон не е првиот француски политичар кој ветил дека ќе плива во Сена. Истото неодамна го најави градоначалничката на Париз, Ан Идалго, а пред три децении, и бившиот француски претседател Жак Ширак јавно вети дека ќе плива во Сена, но никогаш не го оствари тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира