МАКРОН ИЗБРАН ЗА ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ НАД ЛЕ ПЕН

    МАКРОН ИЗБРАН ЗА ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ НАД ЛЕ ПЕН39-годишниот Емануел Макрон ќе биде најмладиот претседател во историјата на Франција. (Фото: ЕПА)

    Независниот кандидат од центарот Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција со освоени 65,1% од гласовите во вториот круг, наспроти 34,9% за десничарката Марин Ле Пен, покажаа првичните резултати.

    39-годишниот Макрон, поранешен министер за економија во владата на социјалистот Франсоа Оланд, е про-ЕУ и вети дека ќе го растресе францускиот политички систем. Сепак, резултатот на Ле Пен е историски највисок за француската крајна десница.

    И покрај неубедливата кампања и слабиот настап во последната ТВ-дебата, таа успеа да освои над 10 милиони гласови, двојно повеќе од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој учествуваше во вториот круг од претседателските избори во 2002 година.

    Макрон ќе биде најмладиот претседател на Франција и ја презема земјата во вонредна состојба по серијата терористички напади. Тој се соочува и со стагнирачка економија и голема невработеност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира