МАКРОН ЈА ОДБИ ОСТАВКАТА НА ПРЕМИЕРОТ АТАЛ, ЛЕВИЧАРСКАТА КОАЛИЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАСКОРО ЌЕ ИЗБЕРЕ СВОЈ КАНДИДАТ

    МАКРОН ЈА ОДБИ ОСТАВКАТА НА ПРЕМИЕРОТ АТАЛ, ЛЕВИЧАРСКАТА КОАЛИЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАСКОРО ЌЕ ИЗБЕРЕ СВОЈ КАНДИДАТСојузот на Макрон заврши на второто место на изборите (Фото: АП)

    Емануел Макрон не ја прифати оставката на премиерот Габриел Атал и побара од него да остане на функцијата и по парламентарните избори, на кои победи левичарската коалиција, но никој не освои мнозинство.

    Претседателот го замоли Габриел Атал да остане премиер уште некое време за да се обезбеди стабилноста на земјата“, кажаа од кабинетот на Макрон.

    Последните податоци кажуваат дека Нов народен фронт (НПФ) ќе има 182 пратеници, сојузот Заедно на Макрон 168, а Националниот собир (РН) и сојузниците 143, што ќе го подели парламентот на три големи блока со значително различни платформи и без традиција да соработуваат.

    Триесет и четиригодишниот Атал оваа година стана најмладиот премиер во историјата на Франција и синоќа најави оставка по објавувањето на резултатите на изборите.

    Од НФП денеска побараа од Макрон да им даде мандат да именуваат нов премиер. Оливје Фор, лидерот на Социјалистите, кои се дел од коалицијата, изјави дека блокот би можел да избере кандидат за премиер во рок од една недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира