МАКРОН ПОТРОШИЛ 475.000 ЗА ВЕЧЕРА СО КРАЛОТ ЧАРЛС

    МАКРОН ПОТРОШИЛ 475.000 ЗА ВЕЧЕРА СО КРАЛОТ ЧАРЛСМакрон го нагости Чарлс во Версај во септември (Фото: АФП)

    Декадентна вечера за кралот Чарлс Трети, која чинела 475.000 евра, придонела резиденцијата на Емануел Макрон да оствари рекорден дефицит минатата година. Вкупното трошење во Елисејската палата достигнало 125 милиони евра во 2023, со што буџетот отишол во минус од 8,3 милиони евра.

    За тоа најмногу придонеле две луксузни државни вечери организирани надвор од палатата, за индискиот премиер Нарендра Моди и за британскиот крал.

    Макрон го нагости Чарлс во Версај во септември, на што присуствувале уште 160 специјално поканети гости, како Мик Џегер и Хју Грант. Вечерата, на која биле послужени син јастог и розови макаронси, чинела околу 475.000 евра, од кои 40.000 евра за вино.

    Индискиот лидер беше пречекен во Лувр со вечера од 400.000 евра.

    Палатата исто така беше критикувана за лошо организирање на патувањата, при што пропаднале 830.000 евра од откажувањето на 12 патувања за кои не можеле да се повратат пари.

    Франција одржува блиски дипломатски односи со голем број држави, кои организираат исти такви настани за нашиот шеф на државата“, соопшти Елисејската палата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира