МАРИЈА ГАБРИЕЛ ЌЕ БИДЕ НОВАТА ПРЕМИЕРКА НА БУГАРИЈА, ВТОРА ЖЕНА НА ОВАА ФУНКЦИЈА

    МАРИЈА ГАБРИЕЛ ЌЕ БИДЕ НОВАТА ПРЕМИЕРКА НА БУГАРИЈА, ВТОРА ЖЕНА НА ОВАА ФУНКЦИЈАГабриел досега беше министерка за надворешни работи (Фото: БТА)

    Досегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел од партијата ГЕРБ ќе биде новата бугарска премиерка, откако Николај Денков поднесе оставка на 5 март. Неговиот потег му овозможи на ГЕРБ да формира влада на девет месеци, како што беше договорено по минатогодишните избори.

    „Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност зашто на Бугарија ѝ треба стабилност“, изјави 44-годишната Габриел, која е бивша еврокомесарка за дигитална економија.

    Таа додаде дека партијата Продолжуваме со промената побарала 24 часа за да разговараат за деталите.

    „Се надевам дека во следните 24 часа ќе го финализираме договорот. Немаме разлики во приоритетите на државата“, рече таа.

    На изборите кои се одржаа во април минатата година, ГЕРБ освои најмногу пратенички места, 69, следена од Продолжуваме со промената со 64. Нивниот договор за промена на премиерот на секои девет месеци стави крај на долготрајната политичка криза во земјата.

    Габриел е втората жена на премиерската функција во Бугарија досега, по Рената Инџова, која кратко ја водеше влада од октомври 1994 до јануари 1995.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира