МАСК ПЛАНИРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ДА ПОЧНЕ ДА ГО ТЕСТИРА МОЗОЧНИОТ ЧИП НА ЛУЃЕТО

    МАСК ПЛАНИРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ДА ПОЧНЕ ДА ГО ТЕСТИРА МОЗОЧНИОТ ЧИП НА ЛУЃЕТОМаск вели дека овие чипови ќе им овозможат на пациентите со инвалидитет повторно да одат и комуницираат (Фото: АП)

    Илон Маск изјави дека за шест месеци би можеле да почнат човечките клинички тестирања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија „Неуралинк“. Според Маск, овие чипови ќе им овозможат на пациентите со инвалидитет повторно да одат и комуницираат, додавајќи дека ќе се цели и на враќање на видот.

    Во изминатите години, „Неуралинк“ ги тестираше чиповите на животни, додека бараше одобрение од американската Агенција за храна и лекови да почне со клинички тестирања на луѓето.

    Сакаме да бидеме крајно внимателни и сигурни дека чиповите ќе функционираат добро пред да ги ставиме во луѓето. Во почетокот, напредокот ќе биде бавен, но паралелно ќе работиме на тоа да ги развиеме во целост. Во теорија, напредокот би требело да биде експоненцијален“, кажа Маск на презентацијата во седиштето на „Неуралинк“ во Сан Франциско.

    Првите две примени на чипот кај луѓето ќе имаат за цел враќање на видот и овозможување на движењето на мускулите.

    Дури и ако некој е роден слеп, ние веруваме дека ќе можеме да му дадеме вид“, кажа Маск.

    Претходната јавна презентација на „Неуралинк“, што се случи пред повеќе од една година, вклучи мајмун со вграден чип во мозокот кој сам играше видеоигра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира