Маж на 35-годишна возраст утринава загина на аеродромот „Орио ал Серио“ во Бергамо, Италија, откако се фрлил во моторот на авион кој се подготвувал за полетување. Поради инцидентот, летовите беа запрени два часа, а властите се сомневаат дека станува збор за самоубиство.
Според првичните информации, мажот, кој не бил ниту патник ниту вработен на аеродромот, пристигнал со автомобил околу 10 часот, по што успеал да влезе на пистата од делот за пристигнувања.
Аеродромското обезбедување и полицијата веднаш почнале да го бркаат, но не успеале да го запрат. Тој истрчал кон авион „Ербас А319“ на компанијата „Волотеа“, кој се подготвувал за лет кон Астурија, Шпанија. Очевидци велат дека прво се обидел да се качи на едниот мотор, удирајќи по него со тупаници, а потоа се фрлил во другиот мотор, кој бил вклучен.
Истрагата е во тек, а главната претпоставка е дека станува збор за намерен чин. Сè уште не се познати мотивите, ниту пак како човекот успеал да влезе во безбедносната зона на аеродромот.