МЕКСИКО ГО УАПСИ СИНОТ НА НАРКО БОСОТ ЕЛ ЧАПО ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО САД РАСПИШАА НАГРАДА ОД ПЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕГО

    МЕКСИКО ГО УАПСИ СИНОТ НА НАРКО БОСОТ ЕЛ ЧАПО ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО САД РАСПИШАА НАГРАДА ОД ПЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕГОГусман-Лопес е обвинет дека водел дел од картелот Синалоа (Фото: АП)

    Тројца припадници на безбедносните сили загинаа во судирите во мексиканската сојузна држава Синалоа, кои избија по апсењето на синот на озлогласениот нарко бос Ел Чапо. Овидио Гусман-Лопес, кој важеше за водач на моќниот картел Синалоа, вчера беше уапсен во Кулијакан и префрлен во главниот град Мексико.

    Како одговор на ова, бандите блокираа патишта, палеа возила и нападнаа локален аеродром. Притоа било пукано на два авиона, од кои еден се подготвувал да полета. Откажани се повеќе од 100 летови на трите аеродроми во Синалоа.

    Гусман-Лопес, наречен Глушец, е обвинет дека водел дел од картелот Синалоа, една од најголемите организации за шверц на дрога на светот. Неговиот татко Хоакин Ел Чапо Гусман беше осуден на доживотен затвор во САД во 2019.

    Мексиканскиот министер за одбрана Луис Сандовал изјави дека Гусман-Лопес бил фатен по шестмесечна операција на следење. Американскиот Стејт департмент кажа дека тој и неговиот брат Хоакин воделе 11 лаборатории за метамфетамин, во кои се произведувале меѓу 1.300 и 2.200 килограми од оваа дрога месечно. Минатиот месец, САД распишаа награда од пет милиони долари за информација која би довела до апсење на Гусман-Лопес и тројцата негови браќа, кои исто така имаат командни позиции во картелот.

    Овидио Гусман беше очигледна мета уште од 2019. Тој беше идентификуван како најголемиот шверцер на фентанил, најсмртоносната дрога во САД“, изјави Хуан Карлос Ајала, професор на Универзитетот Синалоа, кој ја проучува социологијата на шверцот на дрога.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира