Изненадувачката посета на италијанската премиерка Џорџа Мелони на избраниот американски претседател Доналд Трамп траеше неколку часа. Таа пристигна во Мар-а-Лаго во Флорида околу 1.30 часот по средноевропско време и замина четири часа подоцна.
Мелони е една од првите лидери на земји од ЕУ кои се сретнале со Трамп по неговиот реизбор. Од светските лидери, на средба со Трамп во Флорида беа Аргентинецот Хавиер Милеи и Канаѓанецот Џастин Трудо, додека од Европа таму беше Унгарецот Виктор Орбан.
Трамп и Мелони присуствуваа на прикажување документарен филм за предизвиците со кои се соочуваат конзервативните адвокати во правниот систем.
„Ова е многу возбудливо. Јас сум тука со фантастична жена, премиерката на Италија. Таа навистина ја освои Европа и сите други, и ние имаме вечера заедно“, кажа Трамп пред насобраните новинари.
Заедно со нив на проекцијата беа сенаторот од Флорида Марко Рубио, конгресменот од Флорида Мај Волц и Скот Бесент, изборот на на Трамп за нов министер за финансии.