МЕРКЕЛ ПОВТОРНО ВИДЕНА КАКО СЕ ТРЕСЕ ВО ЈАВНОСТ

    МЕРКЕЛ ПОВТОРНО ВИДЕНА КАКО СЕ ТРЕСЕ ВО ЈАВНОСТМеркел видно се тресеше на средбата со германскиот претседател Штајнмајер во Берлин

    Ангела Меркел ќе патува на самитот на Г20 во Осака, иако по вторпат за една недела беше снимена како се тресе во јавност.

    „Сè оди според планираното. Канцеларката е добро“, изјави нејзиниот портпарол.

    Меркел видно се тресеше на средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин и притоа не ја прифати понудената чаша вода. Репортерот на новинската агенција ДПА кажа дека таа изгледала подобро кога почнала да се движи. Тој додаде дека и покрај исклучително топлото време во Германија, церемонијата во замокот Белви била добро разладена.

    Меркел ја загрижи германската јавноста кога беше снимена како неконтролирано се тресе на пречекот на украинскиот претседател Зеленски на 18 јуни. Таа подоцна кажа дека тоа се должело на дехидрација и дека била многу подобро откако испила три чаши вода.

    Германскиот канал НТВ објави дека на Меркел ова првпат ѝ се случило при посетата на Мексико во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира