МЕРЦ ДОЗВОЛИ ИСПОРАКА НА ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ „ТАУРУС“ ВО УКРАИНА

    МЕРЦ ДОЗВОЛИ ИСПОРАКА НА ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ „ТАУРУС“ ВО УКРАИНАПроектилите „таурус“ имаат дострел од над 500 километри и носат моќна муниција

    Германија и нејзините клучни сојузници ги укинаа ограничувањата околу дострелот на оружјето што ѝ се испраќа на Украина, овозможувајќи ѝ да напаѓа цели подлабоко на руската територија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. Со ова се отстранува и последната пречка за испраќање на моќните германски проектили со долг дострел „таурус“, нешто што претходната влада упорно го одбиваше.

    Веќе нема ограничувања во дострелот на оружјето што се испорачува во Украина. Ниту од Британците, ниту од Французите, ниту од нас. На Украина мора да ѝ се дозволи да ја напаѓа воената инфраструктура на руската територија и на тој начин да се брани“, кажа Мерц.

    Проектилите „таурус“ имаат дострел од над 500 километри и носат моќна муниција.

    И додека претходната социјалдемократска влада на Олаф Шолц сметаше дека ваква одлука може да доведе до поголема ескалација, Мерц уште во кампањата најавуваше дека е спремен да испрати проектили „таурус“, велејќи дека постои согласност помеѓу сојузниците. Франција и Британија веќе ѝ имаат дадено на Украина проектили со долг дострел „СКАЛП/сторм шедоу“, а ниту Трамп не ја поништи одлуката на неговиот претходник Џо Бајден за укинување на ограничувањата.

    Мерц во исто време кажа дека идните испораки на оружје во Украина ќе се одвиваат во поголема тајност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира