МЕРЦ ОД ВТОР ОБИД ИЗБРАН ЗА НОВ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР

    МЕРЦ ОД ВТОР ОБИД ИЗБРАН ЗА НОВ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАРМерц денеска ќе положи заклетва во парламентот, заедно со неговата нова влада. (Фото: АП)

    Фридрих Мерц од втор обид е избран во парламентот за нов германски канцелар откако доживеа понижување во првото гласање претпладнево.

    Откако во првиот обид му недостигаа шест гласа за апсолутно мнозинство, по неколку часа неизвесност партиите и претседателот на Бундестагот договорија да има второ гласање, каде што Мерц доби 325 гласови, доволно за да биде потврден за канцелар.

    Неговата коалиција со левиот центар има доволно места во парламентот, но во првото гласање тој не доби поддршка од 18 пратеници од кои тоа се очекуваше. Ваквиот неуспех на Мерц е незабележан во модерната германска историја. Бидејќи гласањето е тајно, нема назнаки кој одбил да го поддржи.

    Првичниот пораз на Мерц се гледа од политичките коментатори како понижување, веројатно нанесено од членовите на Социјалдемократската партија (СПД), која во понеделникот потпиша коалициски договор со ЦДУ/ЦСУ, со што не биле среќни сите во редовите на СПД. Откако Мерц не беше избран во првиот круг, крајнодесничарската Алтернатива за Германија повика да се распишат нови сојузни избори.

    Мерц денеска ќе положи заклетва во парламентот, заедно со неговата нова влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира