„МЕТА“ НА ЗАКЕРБЕРГ ЌЕ ПОСТАВИ ПОДМОРСКИ КАБЕЛ ДОЛГ 50.000 КИЛОМЕТРИ

    „МЕТА“ НА ЗАКЕРБЕРГ ЌЕ ПОСТАВИ ПОДМОРСКИ КАБЕЛ ДОЛГ 50.000 КИЛОМЕТРИПодморските кабли стануваат сѐ поважни бидејќи обезбедуваат брз пренос на податоци низ светот (Фото: Шатерсток)

    Мета“ ги објави плановите за инсталирање на 50.000 километри долг подморски кабел, што би се протегал низ целиот свет. Проектот „Вотерворт“ ќе ги поврзе САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони и ќе биде најдолгиот подводен кабел на светот.

    Мета“, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, кажа дека кабелот ќе обезбеди водечка поврзаност во индустријата на пет континенти и ќе помогне во поддршката на проекти за развој на вештачка интелигенција.

    Овој проект ќе овозможи поголема економска соработка, ќе ја олесни дигиталната вклученост и ќе отвори можности за технолошки развој во овие региони“, соопшти „Мета“.

    Подморските кабли стануваат сѐ поважни бидејќи обезбедуваат средства за напојување на различни дигитални услуги и брз пренос на податоци ширум светот. Според една статистика, повеќе од 95% од интернет сообраќајот во светот се пренесува преку подводни кабли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира