Американскиот милијардер Џаред Ајзакмен, кој ја изведе првата приватна прошетка во вселената, денеска се врати на Земјата со својот екипаж, завршувајќи го петдневното патување кое ги крена повисоко од кого било уште од спуштањето на Месечината на човечки екипаж на НАСА. Капсулата на „СпејсЕкс“ падна во Мексиканскиот Залив во близина на на Флорида со Ајзакмен, двајца инженери на „СпејсЕкс“ и поранешен пилот на воздухопловните сили.
Тие ја направија првата приватна вселенска прошетка додека орбитираа на речиси 740 километри над Земјата, повисоко од Меѓународната вселенска станица (МВС) и вселенскиот телескоп Хабл. Ајзакмен стана 264-та личност која изведе вселенска прошетка откако поранешниот Советски Сојуз беше прв во 1965, а Сара Гилис од„СпејсЕкс“ е 265-та. Досега сите прошетки во вселената ги правеа професионални астронаути.
„Мисијата ја завршивме“, кажа Ајзакмен додека капсулата паѓаше во водата. За еден час, сите четворица излегоа од вселенското летало, радосно поздравувајќи со кренати тупаници. За првпат „СпејсЕкс“ избра спуштање ма капсулата во близина на Драј Тортугас, група острови 113 километри западно од Ки Вест. За да ја прослават новата локација, вработените во „СпејсЕкс“ донесоа голем, зелен балон во вид на желка во Контролата на мисијата во седиштето на компанијата во Хоторн, Калифорнија. Компанијата обично цели поблиску до брегот на Флорида, но две недели лоши временски прогнози го натераа „СпејсЕкс“ да бара друго место.
За време на комерцијалната вселенска прошетка во четвртокот, отворот на капсулата „Драгон“ беше отворен едвај половина час. Ајзакмен илезе само до половината за накратко да го тестира сосем новoто вселенско одело на „СпејсЕкс“, а по него Гилис, која беше излезена до колена и неколку минути ги протегнуваше рацете и нозете. Гилис, класично образована виолинистка, исто така одржа настап во орбитата на почетокот на неделата.
Вселенската прошетка траеше помалку од два часа, значително пократко од оние на Меѓународната вселенска станица. Поголемиот дел од тоа време беше потребно за да се намали притисокот на целата капсула и потоа да се врати воздухот во кабината. Дури и Ана Менон од „СпејсЕкс“ и Скот „Кид“ Потет, кои останаа врзани со ремени, носеа вселенски одела. „СпејсЕкс“ смета дека кратката вежба е почетна точка за тестирање на технологијата на вселенски одела за идни, подолги мисии на Марс.
Ова беше втор чартер лет на Ајзакмен со „СпејсЕкс“, а следат уште два во рамките на неговата лично финансирана програма за истражување на вселената наречена Поларис според ѕвездата Северница. Тој платил необјавена сума за својот прв вселенски лет во 2021, земајќи ги со себе победниците на натпреварот и педијатар преживеан од рак, и собра повеќе од 250 милиони долари за детска истражувачка болница.