МИНИСТЕРОТ КЕНЕДИ ЌЕ УКИНЕ СРЕДСТВА ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА РАЗВОЈ НА ВАКЦИНИ ВО САД

    МИНИСТЕРОТ КЕНЕДИ ЌЕ УКИНЕ СРЕДСТВА ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА РАЗВОЈ НА ВАКЦИНИ ВО САДКенеди вели дека технологијата иРНК има повеќе ризици отколку придобивки за респираторниот систем (Фото: АП)

    Американското министерство за здравство планира да укине средства од 500 милиони долари за развој на вакцини со информациска РНК, кои се користат против вируси како грип и ковид-19. Овој потег ќе погоди 22 проекти за развој на вакцини, предводени од големи фармацевтски компании како „Фајзер“ и „Модерна“.

    Министерот Роберт Кенеди Џуниор, кој е познат антиваксер, кажа дека средствата се повлекуваат поради тврдењата дека „технологијата иРНК има повеќе ризици отколку придобивки за респираторниот систем“. Тој додаде дека неговиот тим дејствувал откако ја проанализирал науката и ислушал експерти.

    Податоците покажуваат дека вакцините не успеале да дадат делотворна заштита од инфекции на горните дишни патишта, како ковид-19. Министерството се префрла кон финансирањето на побезбедни, пошироки платформи за вакцини кои остануваат ефикасни дури и кога вирусите мутираат“, кажа Кенеди.

    Здравствените експерти велат дека вирусите мутираат без оглед на тоа дали постојат вакцини против нив.

    Развојот на иРНК вакцини беше клучен за забавувањето на пандемијата на ковид-19 и спаси милиони луѓе. САД се откажуваат од една од најветувачките алатки во борбата против следна пандемија“, изјави Питер Лури, поранешен функционер од американската Агенција за храна и лекови.

    Пол Офит, директорот на Центарот за едукација за вакцини во Детската болница во Филаделфија, истакна дека вирусот на грип мутира секоја година без оглед на тоа дали луѓето се вакцинираат или не, додека вирусот на мали сипаници не мутирал, и покрај тоа што повеќето луѓе се вакцинирани со иРНК вакцина.

    Во јуни, Кенеди ги отпушти сите 17 членови на комитетот кој издава официјални владини препораки за имунизација, заменувајќи ги со луѓе кои ги критикуваа безбедноста и ефикасноста на вакцините. Тој исто така ја отстрани вакцината против ковид-19 од препорачаниот распоред за имунизација на здрави деца и бремени жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира