МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КАРЛ НЕХАМЕР ЌЕ БИДЕ НОВ КАНЦЕЛАР НА АВСТРИЈА

    МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КАРЛ НЕХАМЕР ЌЕ БИДЕ НОВ КАНЦЕЛАР НА АВСТРИЈАНехамер планира да ја продолжи политиката што ја водеше Курц (Фото: ДПА)

    Австриските конзервативци го избраа актуелниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за свој нов лидер и иден канцелар, ден откако Себастијан Курц изненадувачки објави дека се повлекува од политиката, па така и од лидерското место во Народната партија.

    Четириесет и деветгодишниот Нехамер ќе ја води коалициската влада со Зелените и ќе се обиде да ја извлече партијата од хаосот што настана откако Курц се повлече од канцеларската позиција во октомври поради обвинувањата за корупција. Нехамер кажа дека планира да ја продолжи политиката што ја водеше Курц во двата мандата.

    „Како лидер на Народната партија, за мене е важно да останеме на тие линии, особено по прашањата на мигрантите и азилот“, изјави Нехамер, додавајќи дека борбата против пандемијата ќе биде главен приоритет.

    Александер Шаленберг, кој привремено беше канцелар, треба да се врати на функцијата министер за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира