МИШУСТИН ОСТАНУВА РУСКИ ПРЕМИЕР ОТКАКО ДОСЕГА НЕ ПОКАЖА ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ, НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА ШОЈГУ

    МИШУСТИН ОСТАНУВА РУСКИ ПРЕМИЕР ОТКАКО ДОСЕГА НЕ ПОКАЖА ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ, НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА ШОЈГУМишустин беше фален што успеал да ја одржи руската економија релативно стабилна (Фото: АП)

    Владимир Путин повторно го назначи технократот Михаил Мишустин за руски премиер, откако тој не покажа големи политички амбиции во својот претходен мандат. Согласно руските закони, владата на 58-годишниот Мишустин прво поднесе оставка откако Путин го почна петтиот претседателски мандат.

    Политичките набљудувачи го очекуваа повторното назначување на Мишустин, велејќи дека Путин ги цени неговите вештини и тоа што политички не се истакнува. Во својот претходен мандат, Мишустин не даваше политички изјави и избегнуваше интервјуа во медиумите.

    Мишустин и другите технократи во владата беа фалени што успеаја да ја одржат руската економија релативно стабилна среде војната во Украина и западните санкции.

    Се очекува повеќето досегашни министри да ги задржат своите позиции, но неизвесна е судбината на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, особено по неодамнешното апсење на неговиот заменик Тимур Иванов за корупција. Овој чин многумина го сфатија како напад врз Шојгу и можен вовед во негова смена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира