Доналд Трамп изјави дека САД сигурно ќе постигнат трговски договор со Европска Унија откако денеска ја нагости италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.
„САД и Италија имаат многу добри односи. Ќе постигнеме трговски договор 100 посто, но тоа ќе биде фер договор“, кажа Трамп.
Мелони е првиот европски лидер кој го посети Трамп откако тој воведе нови царини за речиси целиот свет, кои за ЕУ во прв момент изнесуваа 20%, пред да бидат одложени на 90 дена.
Запрашана зошто дошла во Вашингтон, Мелони одговори:
„Дојдов зашто верувам во единството на западот. Мора да растеме заедно, затоа дојдов“.
Трамп кажа дека многу му се допаѓа Мелони.
„Мислам дека е голема премиерка и дека врши фантастична работа. Таа е еден од вистинските лидери на светот“, кажа американскиот претседател.
Мелони кажа дека е сигурна дека може да постигне договор со Доналд Трамп.
„Тука сум за да помогнам во тоа. Уверена сум дека ќе има договор помеѓу САД и Европа и целта на мојата посета е да работиме во таа насока. Мора да разговараме искрено за нашите потреби“, рече Мелони.
САД е важен трговски партнер на Италија, која таму извезува стоки во вредност од 67 милијарди евра.