МОЏТАБА ХАМНЕИ ИМА СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ, НО УЧЕСТВУВА ВО ДОНЕСУВАЊЕТО ОДЛУКИ, РЕКОА ИРАНСКИ ИЗВОРИ

    МОЏТАБА ХАМНЕИ ИМА СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ, НО УЧЕСТВУВА ВО ДОНЕСУВАЊЕТО ОДЛУКИ, РЕКОА ИРАНСКИ ИЗВОРИХамнеи не се појавил во јавност откако беше избран за врховен водач на 8 март (Фото: АП)

    Новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи сѐ уште заздравува од сериозните повреди на лицето и ногата, со кои се здобил во воздушниот напад во кој загина и неговиот татко Али Хамнеи, изјавија за „Ројтерс“ три лица блиски до неговиот најтесен круг. Тие исто така кажаа дека лицето на Хамнеи е изобличено и дека има значајни повреди на една или на двете нозе.

    И покрај повредите, 56-годишниот Хамнеи останува ментално остар и учествува во состаноците со високи функционери преку аудиоконференциски повици и во донесувањето важни одлуки, рекле изворите.

    Хамнеи не се појавил во јавност откако беше избран за врховен водач на 8 март, туку само повремено се огласуваше преку пораки објавени од медиумите. Каде се наоѓа и какви се неговите состојба и способност да владее останува мистерија за светот, ниту се објавени фотографија, видео и аудиоснимка од него.

    Хамнеи беше ранет на 28 февруари, на првиот ден од војната што ја започнаа САД и Израел, во нападот во централен Техеран во кој беа убиени неколкумина членови на неговото најблиско семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира