МОЏТАБА ХАМНЕИ ИМЕНУВАН ЗА НОВ ВРХОВЕН ВОДАЧ НА ИРАН

    МОЏТАБА ХАМНЕИ ИМЕНУВАН ЗА НОВ ВРХОВЕН ВОДАЧ НА ИРАНМоџтаба микогаш не извршувал владина функција, ниту, пак, давал јавни говори или интервјуа

    Иранското Собрание на експерти го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата, кој со тоа ќе го наследи својот татко Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади.

    Педесет и шестгодишниот Хамнеи, свештеник од среден ранг со блиски врски со моќната Револуционерна гарда, долго време важеше за потенцијален наследник на неговиот татко. Иако владејачката идеологија на Иран се спротивставува на принципот на семејно наследување, тој има моќни следбеници во Гардата и во сè уште влијателниот кабинет на неговиот починат татко.

    И покрај акутните воени услови, директните закани од непријателите и бомбардирањето на канцелариите на Собранието на експерти, процесот на избор не застана ни за момент“, соопшти Собранието.

    За разлика од татко му, Моџтаба во голема мера се држел надвор од јавноста. Никогаш не извршувал владина функција, ниту, пак, давал јавни говори или интервјуа. Објавени се само мал број фотографии и видеа од него. Сепак, американските дипломатски извори го опишуваа како ценет, способен и силен лидер во рамките на режимот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира