МОЛДАВИЈА НЕМА ДА ПРЕЖИВЕЕ РУСКА АГРЕСИЈА БЕЗ ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САНДУ

    МОЛДАВИЈА НЕМА ДА ПРЕЖИВЕЕ РУСКА АГРЕСИЈА БЕЗ ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САНДУНа ланските претседателски избори Маја Санду го победи прорускиот кандидат во вториот круг (Фото: ДПА)

    Молдавија мора да се придружи на Европската Унија, инаку нема да преживее руска агресија, изјави претседателката Маја Санду.

    Бившата советска република, која има 2,4 милиони жители и дели граница од 1.200 километри со Украина, стана мета на руска хибридна војна, вклучувајќи дезинформации, сајбернапади и изборни манипулации.

    Токму затоа, нашиот европски пат не е само прашање на вредности, туку и прашање на опстанок. Кремљ го користи целиот свој арсенал на хибридни напади против нас. Се соочуваме со хибридна војна со размер невиден пред инвазијата врз Украина. Русија е најголемата закана со која се соочуваме“, изјави Санду.

    Молдавците ќе гласаат на парламентарни избори на 28 септември и Санду смета дека Кремљ ќе се обиде да влијае врз нив.

    Минатогодишниот референдум за членство во ЕУ помина тесно, 50,4% наспроти 49,6% и бил обележан со руско мешање. Паралелно се одржаа и претседателските избори, на кои Санду го победи прорускиот кандидат во вториот круг.

    Целта на Москва е јасна: да се освои Молдавија преку гласачки ливчиња, да ја искористи против Украина и да ја претвори во отскочна штица за хибридни напади врз Европска Унија“, рече Санду.

    Молдавија аплицираше за членство во ЕУ во 2022 и спроведе низа политички, економски и судски реформи. Лидерите на Полска, Германија и Полска го посетија Кишињев минатиот месец за да ѝ дадат поддршка на Санду.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира