Гигантот во хемиската индустрија „Монсанто“ ќе мора да му исплати отштета од 289 милиони долари на човек кој тврди дека хербицидите што содржат глифосати предизвикале рак кај него.
Во историски случај, судот во Сан Франциско заклучи дека „Монсанто“ знаел дека два негови типа на хербициди се опасни, но не ги предупредил корисниците. Ова е прв судски случај во кој глифосати се поврзани со појава на рак.
Од „Монсанто“ ја демантираат оваа врска и најавија жалба.
„Поротата згреши“, кажа потпретседателот на компанијата Скот Партриџ.
Дивејн Џонсон е меѓу 5.000 луѓе низ САД кои имаат поднесено слична тужба и се очекува оваа пресуда да покрене низа тврдења против „Монсанто“, кој неодамна беше купен од германскиот конгломерат „Баер“.
На Џонсон му бил дијагностициран рак на лимфниот систем во 2014 година и неговите адвокати кажаа дека тој редовно го користел спорниот хербицид „ренџерпро“ додека работел во училиште во Бенисија, Калифорнија.