МУГАБЕ ГО ИМЕНУВАА ЗА АМБАСАДОР НА ДОБРА ВОЛЈА, ПА ГО ПОНИШТИЈА ИЗБОРОТ

    МУГАБЕ ГО ИМЕНУВАА ЗА АМБАСАДОР НА ДОБРА ВОЛЈА, ПА ГО ПОНИШТИЈА ИЗБОРОТГо обвинуваат дека го уништил здравствениот сектор во својата земја. - Роберт Мугабе (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација (ВХО) се премисли и го поништи назначувањето на Роберт Мугабе за амбасадор на добра волја.

    Само 24 часа порано, Организацијата го правдаше изборот на вечниот претседател на Зимбабве со неговата посветеност кон јавното здравство. но тоа предизвика чудење и критики од голем број држави.

    „Внимателно ги слушнавме сите кои ја изразија својата загриженост“, изјави претседателот на ВХО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

    Критичарите го обвинија Мугабе дека здравствениот систем во Зимбабве пропаднал за време на неговото тридецениско владеење, при што лекарите често не се платени и недостигаат медицински средства. Исто така, на 93-годишниот Мугабе му се забележува дека често оди на медицински третмани во странство.

    „Како може за амбасадор на добра волја да биде именуван некој кој го уништил здравствениот сектор во својата земја“, запраша Даг Коларт, адвокатот во борбата за човекови права од Зимбабве.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира