Најголемиот активен вулкан на светот, Муана Лоа на Хаваи, еруптираше за првпат по речиси 40 години. Во околната област е огласено предупредување за врнежи од пепел, кој може да ја загади водата, да ја убие вегетацијата и да ги иритира белите дробови.
Текот на лавата е главно ограничен на падините на вулканот и засега нема опасност за локалните жители. Американската геолошка служба предупреди дека ситуацијата би можела брзо да се промени.
Мауна Лоа се издига 4.169 метри и се протега на површина од над 5.179 квадратни километри. Вулканот еруптираше 33 пати од првата документирана ерупција во 1843 година, а последната беше во 1984, кога лавата стигна на десетина километри до Хило, најнаселениот град на островот Биг Ајленд.