НА ХЕЗБОЛАХ НЕ СМЕЕ ДА МУ СЕ ДАДЕ ОДМОР, ЌЕ ГИ ЗАСИЛИМЕ НАПАДИТЕ, КАЖА ИЗРАЕЛ

    НА ХЕЗБОЛАХ НЕ СМЕЕ ДА МУ СЕ ДАДЕ ОДМОР, ЌЕ ГИ ЗАСИЛИМЕ НАПАДИТЕ, КАЖА ИЗРАЕЛНападите доведоа до егзодус на цивилите од јужен Либан (Фото: Гети)

    Израел и денеска жестоко бомбардира цели на Хезболах во јужен Либан и најави засилување на нападите, откако вчера загинаа повеќе од 550 луѓе, од кои 50 деца, што е најсмртоносниот ден во земјата во изминатите децении.

    „На Хезболах не смее да му се даде одмор. Ситуацијата налага континуирана, силна акција во сите области. Затоа ќе ги забрзаме офанзивните операции денеска“, изјави шефот на израелската војска Херци Халеви.

    Израелската војска кажа дека ноќеска погодила десетици цели на Хезболах, ден по нападите кои доведоа до егзодус на цивилите од јужен Либан. Бројот на ранети се ближи кон 2.000. Хезболах кажа дека возвратил со напади врз фабрика за експлозиви и аеродром во Израел.

    Израелската војска потврди дека денеска извела и насочен напад врз Бејрут и се верува дека мета бил висока личност на Хезболах.

    Борбите ги засилија стравувањата дека САД, Иран, јеменските хути и вооружените групи во Ирак би можеле да бидат вовлечени во поширока војна на Блиски Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира