НА УКРАИНА Ѝ ОСТАНУВААТ УШТЕ 30 ДЕНА ЗА КОНТРАОФАНЗИВАТА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА

    НА УКРАИНА Ѝ ОСТАНУВААТ УШТЕ 30 ДЕНА ЗА КОНТРАОФАНЗИВАТА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈААмериканскиот генерал вели дека ладното време ќе ги отежни маневрите на украинската армија. (Фото: Украинска армија)

    Украина има останато околу 30 дена за контраофанзивата против руската армија пред да дојде лошото време, вели началникот на генералштабот на американската армија Марк Мајли.

    Американскиот генерал вели дека ладното време ќе ги отежни маневрите на украинската армија. Тој призна дека контраофанзивата оди побавно од очекуваното, но додаде: „Сè уште се водат тешки борби. Украинците сè уште напредуваат“.

    Генералот Мајли вели дека е прерано да се каже контраофанзивата е неуспешна.

    „Има уште значително време, веројатно 30 до 45 дена со добро време, така што Украинците не се готови“, рече Мајли.

    Украинската контраофанзива, која почна летово и има за цел да ја ослободи украинската територија под руска окупација, досега даде малку резултати. Но, украинските генерали велат дека ја пробиле првата одбранбена линија на југот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира