НАД 1.400 ДЕЛФИНИ УБИЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ЛОВ НА ФАРСКИ ОСТРОВИ

    НАД 1.400 ДЕЛФИНИ УБИЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ЛОВ НА ФАРСКИ ОСТРОВИЛешовите на делфините се извадени на плажа, додека водата е поцрвенета од крв (Фото: АП)

    Повеќе од 1.400 делфини се убиени на Фарски Острови во еден ден, што беше осудено и од најтврдокорните бранители на оваа традиционална практика. Делфините биле насочени кон плитките води на најголемиот фјорд во оваа автономна данска територија и оставени со часови да се вртат во место, пред да бидат масакрирани со ножеви.

    Лешовите биле извадени на плажа, по што месото им било поделено на локалните жители. Снимките од ловот покажуваат делфини како се тресат во водата поцрвенета од крв, додека стотици луѓе набљудуваат од плажата.

    Убивањето морски цицачи, главно китови, е традиција што на Фарски Острови се практикува стотици години. Владата на оваа зафрлена територија вели дека секоја година се ловат околу 600 китови, додека бројот на убиените делфини е далеку помал, како 35 во 2020 и 10 во 2019 година.

    Локалните групи кои се залагаат за запирање на оваа традиција велат дека неделниот лов бил најголемиот масакр на китови или делфини во историјата на Фарски Острови, при што во еден ден биле убиени повеќе животни отколку во цела сезона во Јапонија.

    Поддржувачите на традицијата велат дека ова е одржлив начин на собирање храна од природата и важен дел од локалниот културен идентитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира