НАД 145 ЗЕМЈИ ДОСЕГА ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНА, НО ИЗРАЕЛ СО ДЕЦЕНИИ ГО САБОТИРАШЕ РЕШЕНИЕТО СО ДВЕ ДРЖАВИ

    НАД 145 ЗЕМЈИ ДОСЕГА ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНА, НО ИЗРАЕЛ СО ДЕЦЕНИИ ГО САБОТИРАШЕ РЕШЕНИЕТО СО ДВЕ ДРЖАВИОколу 700.000 израелски доселеници, главно Евреи, сега живеат во Источен Ерусалим и на Западен Брег (Фото: АП)

    Потрагата по палестинска независност доби голем поттик вчера, откако Велика Британија, Канада и Австралија формално ја признаа државата Палестина, што денеска ќе го направи и Франција.

    Сепак, поради ситуацијата на терен, речиси е невозможно да се замисли остварувањето на решението со две држави, во кое суверена палестинска држава би постоела покрај Израел. Многумина аналитичари и активисти велат дека ова е резултат на повеќедецениското израелско саботирање на ова решение, со изградбата на еврејски населби на палестинската земја и со поткопувањето на Палестинската самоуправа, која управува со дел од територијата.

    Обединетите нации сметаат дека идната палестинска држава би ја сочинувале Источен Ерусалим, Газа и Западен Брег. Сепак, Источен Ерусалим е одамна анектиран од Израел, а постепеното ширење на еврејските населби на окупираниот Западен Брег ја претворија идната држава во збир на палестински џебови отсечени еден од друг со контролни пунктови, патишта и делови од земја контролирани од израелската војска. Околу 700.000 израелски доселеници, главно Евреи, сега живеат во Источен Ерусалим и на Западен Брег, иако овие населби се сметаат за нелегални според меѓународното право.

    Оваа бројка би можела да расте, откако владата на Бенјамин Нетанјаху го одобри планот за големо проширување на населбите.

    Во исто време, Газа е речиси целосно уништена како резултат на немилосрдните израелски бомбардирања во изминатите речиси две години.

    Повеќе од 145 држави досега ја имаат признато палестинската држава. Најголем дел од нив го направија тоа уште во 1988 година, кога Националниот совет на Палестина објави декларација за државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира