НАД 250 ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИТЕ ИЗРАЕЛСКИ НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН, ЗА 10 МИНУТИ ПОГОДЕНИ НАД 100 ЛОКАЦИИ

    НАД 250 ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИТЕ ИЗРАЕЛСКИ НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН, ЗА 10 МИНУТИ ПОГОДЕНИ НАД 100 ЛОКАЦИИПо нападите, улиците на Бејрут беа исполнети со уништени и изгорени автомобили и остатоци од погодени згради (Фото: АП)

    Најмалку 254 луѓе загинаа во денешниот голем израелски напад врз Либан, а повеќе од 800 се ранети. Израелската војска претходно објави дека во рок од десет минути бомбардирала повеќе од 100 локации поврзани со Хезболах.

    Воените авиони срамнија со земја неколку згради во центарот на Бејрут, исполнувајќи го небото со чад. Израелското министерство за одбрана соопшти дека тоа бил изненадувачки напад врз проиранската група Хезболах и уследи откако Израел кажа дека Либан не е вклучен во двонеделното примирје договорено помеѓу САД и Иран.

    По нападите, улиците на Бејрут беа исполнети со уништени и изгорени автомобили и со остатоци од погодени згради. Болниците во Либан упатија итни повици за донирање крв.

    Иранските медиуми објавија дека Иран ќе го напушти примирјето ако продолжат нападите врз Либан. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека двете зони на војување, Иран и Либан, се одвоени и додаде дека целта е „да се промени реалноста во Либан и да се отстранат заканите за жителите на северот на Израел“.

    Тој директно му се закани на лидерот на Хезболах.

    Го предупредуваме Наим Касем дека Хезболах ќе плати многу висока цена за нападот врз Израел во име на Иран и ќе дојде ред и на Касем“, рече тој.

    Портпаролот на израелската војска најави дека ќе бидат проширени нападите врз Бејрут, откако досега главно беа насочени кон јужните предградија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира