НАД 30.000 БОРЦИ НА „ВАГНЕР“ ЗАГИНАЛЕ ИЛИ БИЛЕ РАНЕТИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

    НАД 30.000 БОРЦИ НА „ВАГНЕР“ ЗАГИНАЛЕ ИЛИ БИЛЕ РАНЕТИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌАСвештеникот Дмитри благословува ковчези на загинати борци на „Вагнер“ на гробиштата во градот Бакинскаја (Фото: Њујорк тајмс)

    Над 30.000 борци на руската платеничка група „Вагнер“ загинале или биле ранети од почетокот на руската инвазија на Украина, вели Белата куќа. Портпаролот на Националниот безбедносен совет Џон Кирби кажа дека групата имала значителни загуби во изминатите недели, при што загинале околу 9.000 борци.

    Вагнер“ регрутираше десетици илјади платеници меѓу руските затвореници и според Кирби, најголем број жртви се токму необучени осуденици. И покрај големите загуби, „Вагнер“ имаше главна улога во освојувањето на градот Соледар, а бележи напредок и кај Бахмут.

    Украинската војска вели дека „Вагнер“ испраќа голем број борци во напад на отворен простор и не се мачи да ги извлекува своите ранети и загинати луѓе.

    И покрај одредени успеси, ќе биде многу тешко да се напредува кај Бахмут, имајќи предвид дека се потребни месеци за да се постигне нешто, а и тоа доаѓа со огромна цена, која е неодржлива. Русија на крајот можеби и ќе биде успешна во Бахмут, но градот нема вистинска стратешка важност“, вели Кирби.

    Минатата недела, шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кажа дека веќе нема да регрутира борци во руските затвори и ја обвини „чудовишната бирократија“ на Москва за бавното напредување во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира