Повеќе од 40 луѓе се повредени по инцидентот за време на манифестацијата „Пиво Фест“ во Приштина, кој почна со тепачка меѓу две групи млади, а потоа се слушна и пукање, јавија косовските медиуми.
Инцидентот се случи синоќа во 23 часот на плоштадот „Захир Пајазити“ и во соопштение за медиумите, докторот Нерџиван Халими од Универзитетската клиника, кажа дека се повредени 42 лица. Според докторот, нема повредени од огнено оружје, иако полицијата потврди дека имало пукање и биле најдени чаури на местото на настанот. Првично беше објавено дека едно лице е повредено од куршум, но полицијата објави дека пукањето било само во воздух и повредениот има исекотини, кои можеби се причинети во паниката при бегањето.
Еден 15-годишник има повреди на нозете и е задржан на лекување во болница.
Организаторите на „Пиво Фест“ велат дека се работи само за тепачка меѓу млади и дека проблемите настанале кога луѓето почнале панично да бегаат во сите насоки.
НАД 40 ПОВРЕДЕНИ ВО ПАНИКАТА ШТО НАСТАНА ПО ПУКАЊЕТО НА „ПИВО ФЕСТ“ ВО ПРИШТИНА
a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Приштина,(разниизвори)