НАЈМАЛКУ 16 УБИЕНИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНСКИОТ ГРАД КОСТЈАНТИНИВКА

    НАЈМАЛКУ 16 УБИЕНИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНСКИОТ ГРАД КОСТЈАНТИНИВКАНаздорните камери ги снимија моментот на експлозијата (Фото: Телеграм)

    Најмалку 16 луѓе се убиени во ракетен напад на украинскиот град Костјантинивка. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека „убиените не направиле ништо погрешно“ и дека бројот на жртвите би можел да расте.

    Костјантинивка, која има околу 67.000 жители, се наоѓа близу фронтот во источна Украина.

    Руското зло мора да биде сопрено што поскоро“, изјави Зеленски.

    Тој кажа дека во нападот била погодена тесна улица во која се наоѓаат пазар, продавници и аптека. Меѓу загинатите е најмалку едно дете, а 20-ина луѓе се повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира