НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,7 СТЕПЕНИ ВО ИСТОЧНА ТУРЦИЈА

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,7 СТЕПЕНИ ВО ИСТОЧНА ТУРЦИЈАБројката на загинати и повредени се очекува да расте бидејќи спасувачката акција е во тек. - урната зграда во Елазиг (фото: Ројтерс)

    Најмалку 19 загинаа, а повеќе од 600 се повредени во земјотресот што во петокот вечер ја погоди источна Турција. Бројката на загинати и повредени се очекува да расте бидејќи спасувачката акција е во тек.

    Јачината на земјотресот беше 6,7 степени според Рихтер.

    Во градот Сивриџе, во провинцијата Елазиг се урнати 10 згради.

    Според министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу, 13 луѓе загинале во Елазиг, а останатите во провинцијата Малатија и Дијарбекир

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира